• сабота, 13 декември 2025

Едно лице загина во напад на украински дронови на Белгородската област, соопштија локалните власти

Едно лице загина во напад на украински дронови на Белгородската област, соопштија локалните власти

Белгород, 30 август 2025 (МИА) – Украинската војска во текот на изминатиот ден со околу 100 дронови нападна населби во Белгородската област, а во тие напади загина едно лице, а седум се повредени, соопшти денеска регионалниот гувернер, Вјачеслав Гладков.

Според него, во изминатите 24 часа украинските сили со 97 дронови нападнале 48 населби, 30 беспилотни летала се соборени, а испукани се и 34 гранати.

Различни оштетувања се пријавени на 18 приватни домаќинства, четири претпријатија, еден општествено-комерцијален објект, магацин, земјоделско претпријатие и на 20 возила. јт/

Фото: Гладков на Телеграм

Остани поврзан