• петок, 22 ноември 2024

Еден загинат, а двајца ранети по пукање на булеварот „Никола Карев“

Еден загинат, а  двајца ранети по пукање на булеварот „Никола Карев“

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Едно лице загина, а двајца се ранети по пукање кое синоќа се случило на булеварот „Никола Карев“ во Скопје. 

Како што информира МВР за МИА, синоќа околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ во Скопје имало пукање.

Во 23.45 часот, од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ - Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.

- Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал, соопшти МВР. 

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан