ЕВРО 2020: Жоао Феликс ќе го пропушти натпреварот против Германија
- Напаѓачот на Португалија, Жоао Феликс, ќе го пропушти денешниот натпревар на ЕВРО 2020 против Германија.

Минхен, 19 јуни 2021 (МИА) - Напаѓачот на Португалија, Жоао Феликс, ќе го пропушти денешниот натпревар на ЕВРО 2020 против Германија.
Според „АС“, 21-годишниот напаѓач чувствувал непријатност во левиот бутен мускул и затоа стручниот штаб решил да го поштеди фудбалерот.
Натпреварот Португалија - Германија ќе се одигра попладнево во Минхен со почеток во 18 часот.
По првото коло во Ф-групата, Португалците имаат три бода, Германците се без бодови. зс/