Ботафого елиминиран во осминафиналето на Копа Либертадорес
- Фудбалерите на Ботафого не успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Копа Либертадорес, откако синоќа загубија со 0:2 од еквадорскиот ЛДУ Кито во реванш осминафиналниот натпревар.
Кито, 22 август 2025 (МИА) – Фудбалерите на Ботафого не успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Копа Либертадорес, откако синоќа загубија со 0:2 од еквадорскиот ЛДУ Кито во реванш осминафиналниот натпревар.
Шампионот на Бразил, кој е актуелен освојувач на Копа Либертадорес, допатува на реваншот во Кито со предност од првиот натпревар во Рио де Жанеиро со 1:0, но претрпе елиминација со вкупен резултат од 1:2.
Предноста на еквадорскиот клуб во реваншот ја донесе Габриел Виљамил со гол во седмата минута, а конечниот резултат го постави Лисандро Алзугарај од пенал во 60 минута.
ЛДУ Кито во четвртфиналето ќе има уште еден бразилски противник и ќе игра против Сао Паоло, кој во осминафиналето го елиминираше колумбиски Атлетико Насионал. ег
ФОТО: Фејсбук