Евростат: Барање за азил во земјите-членки на ЕУ во август поднеле 69.270 лица, што е за 24,8 отсто помалку од лани
- Барање за азил во земјите-членки на ЕУ во август поднеле 69.270 лица, што е за 24,8 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Евростат.
Луксембург, 20 ноември 2024 (МИА) - Барање за азил во земјите-членки на ЕУ во август поднеле 69.270 лица, што е за 24,8 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Евростат.
Како што е наведено, ова е прво барање за добивање меѓународна заштита во земјите на ЕУ, за кое во август минатата година се пријавиле 92.055 лица.
Исто така, имало 6.285 последователни апликации, што е зголемување за 4,6 отсто во однос на август 2023 година, кога имало 6.010 дополнителни апликации.
Најмногу азил бараат Сиријците, Авганистанците и Венецуелците.
Како што е соопштено, Сиријците испратиле 13.340 први барања, Авганистанците 5.605, а Венецуелците 4.690 барања за азил. Земјите кои примиле 70 отсто од првите барања за азил се Германија, Шпанија, Франција и Италија. Германија добила 18.425, Шпанија 10.580, Франција 10.035, а Италија 9.620.
Вкупниот број барања за азил од малолетници без придружба во август 2024 година изнесува 2.980, а најголем број малолетници доаѓаат од Сирија, Авганистан, Египет и Сомалија. Германија, Бугарија, Холандија, Грција и Белгија примија најголем број малолетници без придружба кои првпат побарале азил. паг/
Фото: МИА архива