• среда, 15 мај 2024

Европски сојуз за промени: Гаши, Касами и Меџити се сретнаа со претседателот на Албанија Бегај

Европски сојуз за промени:  Гаши, Касами и Меџити се сретнаа со претседателот на Албанија Бегај

21 декември 2023

Лидерите на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Билаљ Касами и Изет Меџити денеска во Тирана остварија средба со Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

На оваа пријателска и конструктивна средба беа реафирмирани одличните односи и потребата за продлабочување на соработката меѓу двете земји, но и односите меѓу интелектуалните и политичките сили во нашите земји, се со цел исполнување на аспирациите на албанската нација за интеграција во ЕУ.

На оваа средба се разговараше и за актуелните политички околности и настани, предизвиците низ кои поминуваме како држава и регион во однос на геополитичките настани и во однос на интеграцијата. Исто така, лидерите ја искористија можноста со Претседателот да споделат и дел од приоритетите на Сојузот, како европската интеграција и борбата против корупцијата, кои се најголемата причина за големата миграција на граѓаните. Според нив, овие цели можат да се постигнат само по промената на политичката сцена во Северна Македонија на изборите во 2024 година.

Претседателот Бегај ја поздрави посветеноста на албанските политички партии во Северна Македонија и ги охрабри албанските аспирации за интеграцијата во ЕУ да бидат главната тема на политичката определба на Албанците во Северна Македонија.

Европски сојуз за промени

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Европски сојуз за промени 

Остани поврзан