• петок, 10 мај 2024

Дуро повеќе не е тренер на Струга ТЛ

Дуро повеќе не е тренер на Струга ТЛ

Струга, 2 мај 2024 (МИА) – Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум денес информира за раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро. 

- Со меѓусебен договор е прекината соработката со тренерот Дуро. Во оваа прилика, ФК Струга му се заблагодарува на Дуро за неговиот придонес во периодот додека го водеше нашиот тим во државното првенство и европските натпреварувања, а исто така му посакуваме многу успеси во иднина, стои во соопштението на стружани.

На три кола пред крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Струга ТЛ е на делба на првата позиција заедно со Шкендија и со Шкупи. Трите екипи имаат по 58 бодови. 

Во последните три кола, Струга ќе игра со Гостивар (дома), па со Шкендија (на гости) и на крајот со Шкупи (дома). зс/

Фото: Фејсбук Струга ТЛ

Остани поврзан