• недела, 22 декември 2024

ДУИ: Ја поздравуваме посветеноста на САД за европската иднина на Северна Македонија

ДУИ: Ја поздравуваме посветеноста на САД за европската иднина на Северна Македонија

Скопје, 12 април 2024 

Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт ја поздравуваат посветеноста на САД за продолжување на духот на Договорот од Преспа и продолжување на европскиот пат на Северна Македонија.

Денеска, по којзнае кој пат Стејт департментот на САД побара политичкиот дискурс на Северна Македонија и по 8-му мај да се заснова на факти, на посветеноста на Договорот од Преспа и на спроведување на реформите што водат за побрзо членство на земјата во Европската Унија.

ДУИ и Европскиот фронт ги уверуваат САД, како стратешки партнер на Северна Македонија, дека и по изборите на 24-ти април и 8-ми мај, патот на земјата останува кон Европската Унија и нема да се дозволи никакво движење што го поткопува веќе трасираниот пат по пристапување на земјата во НАТО.

ДУИ и Европскиот фронт како апсолутен победник на изборите, за разлика од албанската и македонската опозиција, иднината на земјата ја гледаат кон Запад, а не кон Русија. Тоа ќе се докаже со гласовите на 24-ти април и 8-ми мај, кога проруските деривати ќе останат запаметени само како историски губитници во Северна Македонија.

ДУИ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан