• вторник, 14 мај 2024

ДУИ: За победникот одлучуваат граѓаните, а не ВМРО-ДПМНЕ 

ДУИ: За победникот одлучуваат граѓаните, а не ВМРО-ДПМНЕ 

Скопје, 2 април 2024

Жедна за власт, ВМРО-ДПМНЕ континуирано го оспорува меѓуетничкиот соживот и толеранција, предизвикувајќи збунетост во мислењето дека токму оваа партија може да одлучи која албанска партија е достојна за владејачко партнерство.

Потпретседателот на ВМРО, Александар Николовски, во изјава за медиумите рече дека „Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по изборите е невозможна“.

Ги информираме ВМРО и неговите деривати во албанската опозиција дека граѓаните се главните партнери на Демократската унија за интеграција, а граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе ја води Владата во следниот мандат.

Во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани и во страв од длабоката победа на идниот претседател Бујар Османи и на Европскиот фронт, ВМРО и албанската опозиција продолжуваат со валканиот изборен речник, сакајќи да ја минимизираат секоја промена што и се случи на државата и на граѓаните.

Европскиот фронт е сериозна коалиција со голема одговорност чија основна задача е да го трасира европскиот пат на државата и да не игра игри со зборови кои од политички причини ја доведуваат во прашање иднината на државата и нејзините граѓани.

Истовремено, апелираме до македонската и албанската опозиција, ДУИ - на 8 - ми мај, да биде во позиција да го избере партнерот во власта, а не ВМРО, бидејќи Европскиот фронт ќе надмине +20 пратеници.

ДУИ

фото: МИА архива

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан