• недела, 22 декември 2024

ДУИ: Демантирана уште една лага, Николовски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје - Блаце

ДУИ: Демантирана уште една лага, Николовски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје - Блаце

Скопје, 1 ноември 2024

Демократската унија за интеграција смета дека уште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на Александар Николовски е целосно демантирана, бидејќи и самиот Николовски во Собранието потврди дека никој од редовите на ДУИ не купил земјиште на патот Скопје - Блаце, како што тој обвинуваше со недели.


Во Собранието, Николовски откри имиња на 4 фирми кои за свои потреби купиле земјиште во близина на трасата Скопје - Блаце, а ниту една од нив нема ниту една единствена врска со ниту еден функционер на Демократскиот сојуз за интеграција. 


ДУИ бараше Николовски јавно да ги открие сите имиња на функционери на ДУИ кои, според него, купиле земјиште на патната оска Скопје - Блаце.


Николовски вчера во Собранието се демантираше себеси и ВМРО ДПМНЕ.


Секојдневните ретерирања на Владата, како за коридорот 8, така и за автопатот Скопје - Блаце, покажуваат несериозност и леснотија на ширење лажни вести од самата влада и владините министри без етнички легитимитет.


Граѓаните се убедени дека тврдењата на ВМРО и Влен треба да се земат со голема резерва бидејќи тие се предомислија за секое прашање и ги негираа нивните лажни обвинувања. 


Неколкугодишниот Политички лов на вештерки целосно пропадна имсе демонтира, вистината победи! 

ДУИ 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан