• четврток, 02 мај 2024

До 9 часот излезноста во Куманово е 3,02 проценти, во Липково 1,93 во Старо Нагоричане 3,98 проценти

До 9 часот излезноста во Куманово е 3,02 проценти, во Липково 1,93 во Старо Нагоричане 3,98 проценти

Куманово, 24 април 2024 (МИА) - Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово до 9 часот гласале 3, 02 проценти од обработените 99,85 отсто. Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места.

Во Липково, како што е наведено од ДИК, гласале 1, 93 проценти од 99,90 отсто од обработените податоци. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.

Според податоците на ДИК, во Старо Нагоричане до 9 часот гласале 3,98 проценти од обработените 99,87 проценти. Таму право на глас имаат 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

Претходно, претседателите на општинските изборни комисии информираа дека навреме се отворени гласачките места. ам/цр


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан