• петок, 17 мај 2024

До 2030 година Албанија со четири аеродроми

До 2030 година Албанија со четири аеродроми

Тирана, 2 мај 2024 (МИА) - Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година  Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија.

На веќе постоечките аеродроми во главниот град Тирана и северниот град Кукс, аеродромите во крајбрежниот град Валона, југозападна Албанија и во јужниот град Ѓирокастро, ќе бидат додадени до 2030 година.

Во интервјуто   Кумбаро додаде дека до 2030 година меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана ќе започне со прекуокеански летови.

Таа е оптимист дека во 2030 година во земјата ќе престојуваат 30 милиони туристи. вт/
Фото: МИА

Остани поврзан