• петок, 17 мај 2024

До крајот на денот променливо облачно, на места локален дожд

До крајот на денот променливо облачно, на места локален дожд
Скопје, 12 јуни 2021 (МИА) - Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови облачноста насекаде ќе се намали и во текот на ноќта ќе преовладува претежно ведро време. Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи  времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната од 21 до 30 степени. Во Скопје променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне до 27 степени. Од понеделник, најавуаат од УХМР, следува период на претежно стабилно време. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика пад на дневната температура, која ќе биде под просекот за овој период од годината. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица. цр/ев/

Остани поврзан