• среда, 24 април 2024

Донесен оперативниот план за 2024 година за примена на Резолуцијата на ООН 13/25 ,, Жени, мир и безбедност (2020-2025)

Донесен оперативниот план за 2024 година за примена на Резолуцијата на ООН 13/25 ,, Жени, мир и безбедност (2020-2025)

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Министерството за правда го донесе Годишниот оперативен план за 2024 година за имплементација на вториот Национален акциски план на РСМ за имплементација на Резолуцијата на ООН 13/25 „Жени, мир и безбедност (2020-2025)“.

Како што соопштија од Министерството за правда, во него се предвидени активности за ефикасно и ефективно остварување на поставените цели на Законот за исплата на паричен надомест на жртви од кривични дела сторени со насилство, превенција на насилство на жените, градење на капацитети за практична примена на одредбите од Истанбулската Конвенција преку обука на судии и јавни обвинители.

- Министерството за правда ќе го известува Министерството за одбрана за степенот на реализација на овој план на полугодишно и годишно ниво, се додава во соопштението од МП. цр/лв/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан