• среда, 26 јуни 2024

Домашните мачки можат да се заразат со новиот коронавирус

Домашните мачки можат да се заразат со новиот коронавирус
Вашингтон, 23 април 2020 (МИА) – Сопствениците на домашните миленици долго време беа загрижени дали милениците можат да заболат од новиот коронавирус, но сега е потврдено дека домашните мачки можат да бидат инфицирани и да имаат симптоми на Ковид-19. Две домашни мачки во Њујорк биле позитивни на тестот за Ковид-19 откако покажале благи респираторни заболувања, соопштија Министерството за земјоделство (УСДА) и Центарот за контрола и превентивни болести (ЦДЦ) во САД. Мачките не се од исто семејство. Не е потврдено и дали некој од луѓето што живееле со првата мачка биле позитивни на Ковид-19. Се претпоставува дека мачката се заразила од семејството, кој бил без симптоми. УСДА и ЦДЦ апелираа до луѓето да не ги напуштаат своите миленици, бидејќи како што е истакнато, нема докази дека домашните миленици можат да го пренесуваат вирусот. Наместо тоа, препорачуваат мачките да бидат во затворени простории каде е можно. Тоа не се првите животни во САД што се заразени со новиот коронавирус. Претходно тигар во зоолошка во Њујорк беше позитивен на Ковид-19. И во Хонг Конг мачка била позитивна на Ковид-19, но не покажувала симптоми. ки/ми/

Остани поврзан