• понеделник, 09 март 2026

Доделување на книжевните награди за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Доделување на книжевните награди за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“

Охрид, 6 март 2024 (МИА) - Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ утре ќе ги врачи наградите по распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, што се доделува во чест на охридскиот поет и писател за деца, Тоде Илиевски.

Од доставените песни на конкурсот жири комисијата составена од Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимоски и Дијана Петрова, ги издвои песните што се најдоа во потесниот избор, а меѓу нив се и трите најдобри за кои се предвидени парични награди – девет, шест и три илјади денари соодветно.

Најдобрите песни ќе бидат објавени во деветтиот број на електронското списание „(е)Лит“, што го објавува здружението „Креативна верига“.

Настанот на кој покрај доделувањето на наградите ќе содржи богата програма со акцент на творештвото на Тоде Илиевски, се одржува со поддршка од Општина Охрид. аб/са/

фото/Креативна верига
 

 

Остани поврзан