Промоција на стихозбирката „На Балкан, сам“ од Мартин Џорлев и концерт на „Дивоградба“
- Во „Буква“ вечер ќе биде промовирана првата стихозбирка на Мартин Џорлев, „На Балкан, сам“. Стихозбирката ги сочинува текстовите на песните од музичкиот проект „На Балкан, сам“ од бендот „Животни“, како и фотографии и куси осврти кон албумот и кон песните застапени во книгата.
Скопје, 28 март 2026 (МИА) - Во „Буква“ вечер ќе биде промовирана првата стихозбирка на Мартин Џорлев, „На Балкан, сам“. Стихозбирката ги сочинува текстовите на песните од музичкиот проект „На Балкан, сам“ од бендот „Животни“, како и фотографии и куси осврти кон албумот и кон песните застапени во книгата.
„На Балкан, сам“ е објавена како втора книга во едицијата „ПоезијаМинус“ на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, а на неа работеа Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова како уредници, Јованчо Димоски како технички уредник и дизајн на корица, Љупка Евроска ја направи лектурата, додека фотографиите се на Теодор Тасевски.
-Песните осмислено зборуваат, пеат за младешкиот идентитет, бивањето млад човек во оваa доба, во овој регион, во овие земји. Лирскиот субјект на моменти е носталгичен, на моменти е тажен, почесто е оптимистичен и радосен и често се навраќа кон минатото кое секогаш е во некаква паралела со неизвесната иднина. Тој во неколку наврати реферира и на наследството на колективноста што е вкоренета во екс-ју земјите, а којашто денес, во нашата генерација, е донесена на ниво на решение за проблемите што постојат меѓу нас. Таа колективност е лајтмотив на албумот, а се потврдува токму со стиховите ‘Ние сме млади / засекогаш млади’“ , вели промоторот Андреј Медиќ Лазаревски.
Мартин Џорлев (2001, Скопје) е музичар, поет, композитор, продуцент и организатор на музички настани. Тој е основач на групите „Луфтанза“, „Стој, после!“, „(точка) ком“, „О, убавче“ и „Животни“. Воедно е еден од основачите на колективот „Гола Планина“ и издавачката куќа „Мртов коњ“.
По промоцијата на книгата концерт ќе одржи бендот „Дивоградба“. мч/дма/
Фото: „Култура Бета“