• недела, 22 декември 2024

Доделени годишните награди за најдобар македонски афоризам

Доделени годишните награди за најдобар македонски афоризам

Кочани, 1 април 2024 (МИА) - Во рамки на 12. собир на македонските афористичари АФКО 2024, што синоќа се одржа во Кочани, беа доделени наградите од конкурсот за најдобар афоризам. Организатор на манифестацијата, на која имаше и гости од соседна Србија, беше здружението Афористичка репрезентација на Македонија (АРМ), а учествуваа 24 автори кои годинава твореа на тема „Маж – жена, љубов – љубомора“.

- На конкурсот пристигнаа 30 пратки со афоризми, при што дел од авторите испратиле и по неколу сетови, а двајца се изјаснија дека учествуваат вон конкуренција и нивните афоризми не беа оценувани. Жири комисијата во состав Ацо Ѓорѓиев, Зоран Јовановиќ и Доне Донев донесе одлука првата награда да му припадне на Ристо Филчевски од Струмица, второнаграден е Миле Ѓорѓијоски од Делчево, а третата награда ја доби Атанас Крлевски од Велес. Највисоки оцени, после наградените, добија и афоризмите на Јане Атанасов и Чедомир Шопкиќ, на кои им се доделени пофалници, истакна Ацо Ѓорѓиев претседател на жири комисијата на АФКО 2024.

Во изминатите единаесет години манифестацијата во Кочани се одржуваше под називот „Вечер на македонскиот афоризам“, но, по ограничувањата поради Ковид пандемијата беше префрлена во дневен термин, а од минатата година го промени и името во АФКО, со додавка на годината во која се одржува собирот.

Манифестацијата годинава се одржа со средства на организаторите и делумна поддршка од Општина Кочани, како и од неколку спонзори, со оглед што не се најде на списокот за поддршка од Министерството за култура. та/сст/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан