• понеделник, 23 декември 2024

Доделена државната награда „22 Ноември“

Доделена државната награда „22 Ноември“

Скопје, 22 ноември 2023 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „22 Ноември“ за 2023 година. Добитници на наградата оваа година се проф. д-р Агим Винца, истражувач и писател, и Амет Селмани, писател.

Наградите ги врачи професор д-р Миџат Положани кој во своето обраќање ја истакна важноста од негувањето на Албанскиот јазик.

-На нас ни преостанува да го негуваме и унапредуваме уште повеќе албанскиот јазик, но и изговорајќи ги подобро самогласките, како и правописно пишување на согласките. Се надеваме дека Наградата 22 Ноември“ која се доделува во чест на албанската историја ќе биде уште поголем поттик во иднина, порача Положани.

Докторот Агим Винца рече дека Битолскиот конгрес од 1908 година на кој е донесена одлука за унифицирана азбука на албански јазик, придонела за започнувањето на модерната ера на албанското писмо и култура.

 -Со овој настан привршува периодот на албанското писмо со повеќе азбуки и започнува модерната ера на албанското писмо и култура. Ние албанските интелектуалци имаме повеќе причини да се гордееме со битолскиот Конгрес и да ги афирмираме неговите идеи, кои имаат вредност за нашето време. Бидејќи, во Битола во ноември 1908 година „Трета есен“, албанската интелектуална елита, определувајќи се едносгласно за латиснката азбука како абц на нашиот мајчин јазик, ја потврдува уште еднаш европската, поточно прозападната ориентација, на Албанците како народ, истакна Винца.

Додаде дека интелектуалците имаат за обврска да го негуваат духот на соработката, толеранцијата и разбирањето кои преовладувале во деновите на Конгресот.

На настанот присуствуваа и спикерот на Собранието Талат Џафери, како и министерот за образование и наука Јетон Шаќити.

Наградата „22 Ноември“ се доделува како признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои придонеле во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија. свс/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан