• вторник, 14 мај 2024

Договори од повикот за предлог-активности за Акцискиот план на Националната рурална мрежа 

Договори од повикот за предлог-активности за Акцискиот план на Националната рурална мрежа 

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ќе ги додели договорите од јавниот повик за поднесување предлог-активности за спроведување на Акцискиот план на Националната рурална мрежа за период 2023-2027 година.

Јавниот повик ќе се финансира со средства од мерката 3 „Активности на Националната рурална мрежа“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, а вкупниот износ на средствата кои се на располагање е 10.000.000 денари.

Повикот беше објавен на веб страницата на Националната рурална мрежа на 31 август годинава, а траеше 30 дена. мч/лв/

фото: НМРР

Остани поврзан