• вторник, 05 ноември 2024

Добила „спам“ за освоени милиони - и навистина добила три милиони долари

Добила „спам“ за освоени милиони - и навистина добила три милиони долари
Лос Анџелес, 25 јануари 2022 (МИА) - Електронското сандаче, посебно папката за „спам“ вообичаено е полна со пораки кои ветуваат незамисливи богатства, коишто за жал се „премногу добри“ за да бидат вистинити. Една Американка, сепак, еднаш решила да го провери овој тн. „спам“... Лора Спирс од округот Окленд, Мичиген, САД, купила билет за „Мега милиони“. Со комбинација од пет броеви, жената се надевала дека ќе го добие „џекпотот“ од три милиони долари. - Видов оглас на Фејсбук дека „џекпотот“ на „Мега милиони“ станува прилично висок, па си купив ливче. Ми ветија дека ќе ми кажат, но не добив ништо во мојата електронска пошта. Неколку дена подоцна, проверував нешто што недостасуваше од едно лице, па ја отворив папката за „спам“... Така ја видов пораката од лотаријата дека сум добила награда. Помислив дека тоа е уште еден „спам“, но сепак го отворив линкот и ја проверив интернет-страницата на лотаријата. Испадна дека тоа е вистина! Страшно шокантно за мене - освоив три милиони долари!, вели 55-годишната среќничка. Таа имма намера парите да ги потроши со семејството. Нејзиниот последен совет гласи - луѓето почесто да ги проверуваат папките со „спам“.  си/ссм/

Остани поврзан