Чај за зајакнување на имунитетот
Одбрани билки за природна поддршка на имунитетот.
Состојки:
(за 2 лица)
- прстофат суво нане
- прстофат сува жалфија
- прстофат сува коприва
- прстофат сува лаванда
- прстофат цимет во прав
- 4 сушени бобинки од смрека
- 6 сушени шипки
- 4 дл вода
- 1 лимон
- 1 портокал
Подготовка:
Во аван истолчете ги бобинките од смрека и шипка. Додадете ги сувите состојки. Добро измијте го лимонот и портокалот, излупете ја кората и исечете ја на ленти или едноставно изрендајте ја. Ставете ги сите состојки во топла вода (освен корите од лимон и портокал) и оставете покриено 3-4 минути. Процедете го чајот во бокал или директно во чаша и додадете кори од лимон и портокал и засладете по желба. Ова е количина за две лица. За повеќе лица, само двојно/тројно зголемете ја дозата.
Фото: Фрипик