• недела, 22 декември 2024

Димитриевски од Тетово: Македонија бара претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните

Димитриевски од Тетово: Македонија бара претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Караванот на Максим Димитриевски, кандидатот за претседател на Македонија од Движење ЗНАМ - За наша Македонија, денеска беше во посета на полошкиот регион. Димитриевски одржа средби со граѓани во Јегуновце, Теарце, Брвеница и во Тетово.

Димитриевски истакна дека досегашните претседатели се покажале дека повеќе се верни на партијата која ги номинирала, отколку на граѓаните кои ги избрале и тоа треба да се промени.

- Ниту еден претседател во историјата на оваа држава, со исклучок на поединци со доблест и став, не се одважија во ниту една прилика да кажат НЕ, на кој било политички субјект, а камоли на тоа од кај што потекнуваат. Јас од позиција на претседател никогаш нема да потпишам закон со којшто не се согласува мнозинството на граѓаните во оваа држава. На крајот на краишта, никогаш закон кој се прави измени во Кривичниот законик за само-амнестирање на овие актуелни и оние коишто беа, а притоа да молчам. Македонија бара претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе биде претседател на граѓаните, со граѓаните, секојдневно да ги чувствува нивните маки и проблеми и да ги споделува, истакна во Тетово, Максим Димитриевски.

Кандидатот за претседател рече дека на изборите граѓаните гласаат против и така ќе биде и сега.

- Дојдоа времиња невремиња во Македонија, 30 години, едно исто, доаѓаат едни си заминуваат други, по 4 или 8 години се враќаат тие коишто претходно заминале и секоја година се полоши од тие коишто претходно биле, и така во континуитет, сето тоа се врти во круг, а од година во година, граѓаните се сè полошо и полошо. И факт е дека сме пред историски чин, дека сме пред историски момент за сите нас. Граѓаните можеби и сакаат да променат оваа состојба. Ние во Македонија во континуитет гласаме против ниту еднаш за, секогаш граѓаните се ставени пред избор да гласаат за помало зло од претходното. И за прв пат во Македонија на претседателски избори имаме 7 кандидати, а жртва сме на два политички субјекта во македонскиот блок и два субјекта од албанскиот блок, посочи Димитриевски.

На средбите со граѓаните се обрати и носителот на списокот со кандидати за пратеници Небојша Захариески. ас/нд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан