• среда, 10 јули 2024

Диего Коста изјави пред семејството дека Милан е следната фаза од неговата кариера

Диего Коста изјави пред семејството дека Милан е следната фаза од неговата кариера
Мадрид, 17 август 2020 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста може наскоро да ги смени клубовите. Според новинарот Хуан Гато, 31-годишниот Шпанец по елиминацијата на Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите, на семејството му кажал дека следната фаза од неговата кариера е Милан. Коста има намера да го напушти Атлетико, чиј договор истекува во летото 2021 година Минатата сезона, напаѓачот постигна пет гола и четири асистенции на 23 натпревари во Ла Лига. зс/

Остани поврзан