• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Дибала би можел да ја продолжи кариерата во Ла Лига

Дибала би можел да ја продолжи кариерата во Ла Лига

Рим, 6 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Аргентина и Рома, Пауло Дибала може да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид.

Според „Todofichajes“ за играчот е заинтересиран лично главниот тренер на мадридскиот тим, Диего Симеоне. Тој инсистира да биде ангажиран Дибала.

Во договорот на 30-годишниот Италијанец е вклучена клаузула според која секој странски клуб може да го купи за 12 милиони евра пред истек на договорот со Рома.

Оваа сезона Дибала одигра 19 натпревари во Серија А, постигна 12 голови и седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан