• четврток, 11 јули 2024

Де Лихт се согласи да ја продолжи кариерата во Баерн

Де Лихт се согласи да ја продолжи кариерата во Баерн
Берлин, 5 јули 2022 (МИА) - Баерн е блиску до потпис на дефанзивецот на Јувентус, Матијс Де Лихт, објави „Sport1.de“. Фудбалерот даде согласност за трансфер во бундеслигашот од Минхен. Претходно Јувентус соопшти дека 22-годишниот фудбалер ќе се пресели во тимот кој ќе плати најмногу за неговиот трансфер. Челзи е подготвен да плати 80 милиони евра за играчот, но самиот одбранбен фудбалер би сакал да ја продолжи кариерата во клубот од Минхен. Во сезоната 2021/22, Де Лихт забележа 42 настапи за Јувентус во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и една асистенција. Актуелниот договор на Холанѓанецот со Јувентус е до летото 2024 година. зс/

Остани поврзан