• четврток, 11 јули 2024

Kуман: Овој холандски тим е способен за повеќе

Kуман: Овој холандски тим е способен за повеќе

Дортмунд, 11 јули 2024 (МИА) - Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Роналд Куман, по поразот од Англија (1:2) во полуфиналниот натпревар од ЕП 2024, истакна дека неговата репрезентација има голем потенцијал.

- Уверен сум во иднината. Овој тим е способен за повеќе, а ние имаме повеќе играчи кои можат да го засилат тимот. Работевме добро заедно, се собравме и бевме блиску до финалето. Горд сум на овој тим, изјави Куман за сајтот на УЕФА.

Англија во финалето на ЕП 2024 ќе игра против Шпанија. Натпреварот ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан