• недела, 22 декември 2024

Фудбалери на Уругвај се степаа со колумбиските навивачи по полуфиналето на Копа Америка

Фудбалери на Уругвај се степаа со колумбиските навивачи по полуфиналето на Копа Америка

Шарлот, 11 јули 2024 (МИА) - По последниот судиски свиреж во полуфиналниот натпревар од Копа Америка меѓу Уругвај и Колумбија (0:1), дојде до тепачка меѓу играчите.

Судирот меѓу играчите предизвика немир на трибините, поради што уругвајските фудбалери Роналд Араухо и Дарвин Нуњез се степаа со колумбиските навивачи.

Колумбија ќе се соочи со Аргентина во финалето на Копа Америка. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули. 

Уругвајците ќе се сретнат со Канаѓаните во мечот за 3. место што ќе се одигра на 14 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан