• четврток, 11 јули 2024

Саутгејт: Шпанија ќе биде неверојатно тежок ривал, ова е најдобриот тим на ЕП

Саутгејт: Шпанија ќе биде неверојатно тежок ривал, ова е најдобриот тим на ЕП

Дортмунд, 11 јули 2024 (МИА) - Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги искажа очекувањата за финалето на Евро 2024.

-Токму за ова дојдовме. Ќе биде неверојатно тежок натпревар против Шпанија. Ќе се сретнеме со најдобриот тим на Еврото во моментов. Но Англија се уште е тука. Ќе играме со нив по навистина добар полуфинален натпревар. Многу сум среќен за сите, изјави Саутгејт на веб-страницата на УЕФА.

Англија во финалето на Европското фудбалско првенство 2024 ќе игра против Шпанија. 

Натпреварот ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан