• сабота, 27 јули 2024

Де Лихт пред враќање на теренот

Де Лихт пред враќање на теренот

Берлин, 27 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Матијас де Лихт, е блиску до враќање на теренот, откако веќе втор месец паузира поради повреда на коленото, соопшти денеска германскиот првак.

Во клупското соопштение на Баерн се наведува дека Де Лихт денеска успешно го минал првиот индивидуален тренинг по повредата.

Де Лихт го повреди коленото на 1 ноември во сензационалниот пораз на Баерн од третолигашот Сарбрикен (2-1) во Купот на Германија.

Баерн од тој натпревар нанижа четири победи, вклучувајќи го и триумфот против вицешампион Борусија Дортмунд од 4-0. ег/сд

ФОТО: икс

Остани поврзан