• четврток, 11 јули 2024

Де Лихт можеби ќе има потреба од операција

Де Лихт можеби ќе има потреба од операција
Торино, 18 јули 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт можеби ќе има потреба од операција на рамото. Овој проблем продолжува да го мачи 21-годишниот талент и не е ни чудно што е потребна операција за целосно отстранување на истата. Де Лихт го повреди рамото за време на натпреварот со Аталанта во есен и иако се веруваше дека повредата е излечена, болката во овој дел продолжува да го мачи играчот до ден-денес. Најверојатно, Холанѓанецот ќе разговара за ситуацијата со спортскиот и техничкиот штаб на Јувентус и може да биде подложен на операција по завршувањето на сезоната. Сепак, ова не е добра вест за тренерот Маурицио Сари, кој во оваа ситуација нема да може да се потпре на дефанзивецот за натпреварите во Лигата на шампионите во август.

Тагови

Остани поврзан