• четврток, 18 април 2024

Де Зерби би можел да го замени Тен Хаг во Манчестер јунајтед

Де Зерби би можел да го замени Тен Хаг во Манчестер јунајтед

Манчестер, 28 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби би можел да го води Манчестер јунајтед, пишува „Manchester Evening News“.

Сопствениците на клубот сметаат дека сегашниот тренер Ерик тен Хаг треба да го напушти тимот на крајот на сезоната.

Италијанскиот специјалист е еден од кандидатите за потенцијална замена за Тен Хаг.

Исто така беше објавено дека Де Зерби би можел да ги води Баерн Минхен или Барселона.

Тренерот е на чело на Брајтон од септември 2022 година. По 26 натпревари неговиот тим се наоѓа на 7. место во поредокот во Премиер лигата со 39 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан