• четврток, 25 април 2024

Децата од Кавадарци ја најавија пролетта маскирани во разнобојни цветови

Децата од Кавадарци ја најавија пролетта маскирани во разнобојни цветови
Кавадарци, 21 март 2023 (МИА) - Дечињата од Кавадарци ја најавија пролетта маскирани во разнобојни цветови. Директорката на градинката ,,Рада Поцева", Цанка Добринова појасни дека во настанот учествуваа децата од големите групи од пет до шест години. 
 
- Возбудени и радосни, ги играа омилените детски песнички. Градскиот плоштад во Кавадарци за миг се претвори во бајка. Разнобојни кругови од разиграни деца. Во убавата глетка уживаа сите случајни минувачи, но и многу родители, баби и дедовци и блиски роднини, рече Добринова. 
 
Таа додаде дека за другите возрасни групи од две до пет години, оваа седмица се организира акција на разубавување на дворовите во градинките, во соработка со родителите,  садење украсни цвеќиња, како дел од проектите за одбележување на деновите на екологијата. свд/дма/
 
Фото : МИА

Остани поврзан