• петок, 22 ноември 2024

Децата од градинките изработија костими по повод Меѓународниот ден на планетата Земја

Децата од градинките изработија костими по повод Меѓународниот ден на планетата Земја

Тетово, 22 април 2024 (МИА) - Меѓународниот ден на планетата Земја 22 април во Тетово на градскиот плоштад го одбележаа децата кои посетуваат градинка. Тие дојдоа со разни маски и костими изработени од потрошен материјал.

Неколку стотини деца изминатата цела недела заедно со родителите, воспитувачките и негувателките заедно работеле разни костими по своја волја и креативност.

- Имаме разни активности со сите деца од градинката, а денес поголемите деца се тука на плоштадот да покажат дека научиле да селектираат отпадоци и да прават разни костими. Во изработката им помогна персоналот од градинките и родителите. Сакаме да дадеме силна порака дека отпадот не е ѓубре, туку треба да се селектира и да се рециклира, да ја сакаме и да чуваме нашата планета, изјави Фатлинда Јаја, директорка на Јавна установа детска градинка „Младост“-Тетово.

Активноста по повод Денот на планетата Земја на градинките ја проследи и градоначалникот Биљал Касами.

- Пораката од овој настан е да не биде вака само на овој ден, туку 365 дена да се грижиме за околината и планетата. Да, внимаваме како ги користиме материјалите од пакувања од секојдневна потрошувачка. Да не се гледаат како отпадоци туку да се користат со понатамошно рециклирање и користење на истите. Видовме дека од такви материјалите изработија убави модели и дизајни, покажаа креативност. Заедно работиме со сите генерации да направиме почисти и поубав град, изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово.ас/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан