• вторник, 10 септември 2024

Десанка Илова нов раководител на ПЕ на Фондот за здравство во Велес

Десанка Илова нов раководител на ПЕ на Фондот за здравство во Велес

Велес, 12 август 2024 (МИА) - Десанка Илова е нов раководител на Подрачната единица на Фондот за здравство во Велес. Станува збор за 39-годишен дипломиран економист со осум ипол години работно искуство во Подрачната единица на Фондот за здравство во Велес.

Таа е назначена за раководител со овластување од страна на директорот на Фондот за здравствено осигурување на РСМ, Сашо Клековски, на 1 август. Илова доаѓа на местото на досегашната раководителка Валентина Делиманчева Андреева, која е дипломиран правник.

Илова најави дека ќе се залага за издавање на навремена, квалитетна и ефикасна услуга на здравствените осигуреници при остварување на нивните права. ад/бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан