• вторник, 21 мај 2024

Демократското движење алармира за поскапувањето на прехранбените производи 

Демократското движење алармира за поскапувањето на прехранбените производи 

Скопје, 26 август 2023

Демократското движење преку видео обраќање на финансискиот експерт Муамед Демири алармира за неконтролираното поскапување на прехранбените производи, каде меѓу другото се истакнува: „Граѓаните на Северна Македонија со право се жалат за неконтролираното поскапување на прехранбените артикли и на тој план веќе имаме вистинска анархија. Се гледа јасно дека актуелната Влада со својата негрижа им го отвори патот на одредени неодговорни трговци, кои имаат целосна контрола над ова зло. Граѓанските корпи се се попразни, ограничени само на оние производи кои се неопходни за егзистенција. Зголемувањето на сиромаштијата е показател за влошување на состојбата, што може да резултира и со други последици, како што е се поголемиот егзодус на младите, кои бараат решение надвор од Северна Македонија. 

Демократското движење оценува дека Владата треба итно да се насочи кон менаџирање на оваа состојба со контрола на цените на најпотребните прехранбени производи а не да се занимава со непотребни и скапи активности. 

Најавеното поскапување на лебот во септември ќе биде додатно уште еден голем удар за тенкиот буџет на граѓаните, додека сиромаштијата уште посилно ќе тропа на нашите врати“.

 

Демократско движење

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

Остани поврзан