• петок, 22 ноември 2024

Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“

Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“

Скопје, 21 мај 2024

Во врска со поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар Борис Трајковски, Општина Карпош демантира дека е издадено какво било одобрение за негово функционирање од едноставна причина што општината нема надлежност за издавање на вакви одобренија.

Очигледно се работи за насилник за кого законските процедури не важат, па според тоа надлежните државни институции треба најостро да го санкционираат, имајќи предвид дека ги нема потребните одобренија да ја врши оваа дејност на предметната локација.

Доколку некој врши дејност без потребни согласности од надлежни локални или државни институции и без соодветна техничка документација, забрана за вршење на дејноста изрекува државниот пазарен инспекторат.

Бидејќи во текот на вчерашниот дел на самото место покрај нашиот градежен инспектор беа и инспектори од МВР, УЈП и Пазарен инспекторат, општината бара тие да ги искористат своите законски овластувања и да се затвори овој случај.

 

Одделение за односи со јавноста,
Општина Карпош

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан