• петок, 22 ноември 2024

Демократите ја засилија кампањата за Вашингтон да стане 51 американска држава

Демократите ја засилија кампањата за Вашингтон да стане 51 американска држава
Вашингтон, 22 март 2021 (МИА) - Со поддршка на претседателот Џо Бајден и контролата што ја имаат во Конгресот, демократите денеска ја засилија својата кампања за давање статус на држава на главниот град на САД, Вашингтон, што може да го наруши рамнотежата на силите во САД. - Со демократите во Претставничкиот дом, Сенатот и Белата куќа, никогаш не сме биле толку блиску до статусот на државата за Вашингтон, нагласи Еленор Холмс Нортон, кој го претставува градот во Претставничкиот дом. Бидејќи Вашингтон не е сојузна држава, пратеникот има само статус на набљудувач и нема право на глас во Конгресот, ниту за текстови директно поврзани со гласачите, како што е текстот дискутиран денеска за нацрт-законот со кој Вашингтон ќе стане 51-та американска држава. Според демократите тоа што Вашингтон не е 51. Американска држава се кршат основните права на жителите. Повеќе од 700.000 жители на Вашингтон плаќаат федерални даноци, се регрутираат во војската и гласаат на претседателски избори, но немаат никакво влијание врз Конгресот. Претставничкиот дом во јуни 2020 година одобри закон со кој се дава статус на држава на Вашингтон. Но, законот не беше одобрен од Сенатот, кој тогаш беше контролиран од републиканците. Доколку станеше држава, Вашингтон ќе имаше двајца сенатори и еден претставник со право на глас во Претставничкиот дом. Републиканците се уплашени бидејќи на претседателските избори во ноември минатата година 92 проценти од населението на Вашингтон гласаше за Бајден. Републиканците потсетуваат дека специфичниот статус на „Округ Колумбија“ (District Of Columbia) е диференциран, бидејќи таму се наоѓа седиштето на сојузната влада, со цел да се избегне „влијанието на државата“. За време на основањето на САД во XVIII век, основачите сакаа да го утврдат седиштето на федералната влада надвор од првите 13 држави за да избегнат конфликти. Уставот од 1790 година предвидуваше создавање на „округ“ директно поврзан со централната власт. Поради овој уникатен статус, жителите на Вашингтон немаат пратеници кои гласаат во Конгресот. Организацијата за граѓански права (ACLU) оценува дека ова е „прашање на расна еднаквост“ затоа што околу 45 проценти од жителите на Вашингтон денес се Афроамериканци, откако беа мнозинство со децении. Сведочејќи пред комитетот, афроамериканскиот градоначалник на Вашингтон, Муриел Боусер, истакна дека статусот на градот е резултат на „расистички обиди да се поткопа растечкиот и просперитетен црн град“, спречувајќи ги да гласаат на Конгресот. - После неколку години стагнација и рамнодушност кон правата на жителите на Округ Колумбија, сега постои вистинска поддршка за оваа иницијатива, посочи демократската пратеничка што ја водеше дебатата, Каролин Мелони. Анкетата спроведена од Центарот за податоци за напредок во февруари покажа дека мнозинството гласачи во САД (54 проценти) сметаат дека Вашингтон треба да стане држава, што е рекордна поддршка. Претседателот Џо Бајден ја поддржува иницијативата затоа што верува дека жителите „заслужуваат да бидат претставени“, истакна во четвртокот портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Новиот предлог-закон презентиран денеска исто така, треба непречено да биде изгласан во Претставничкиот дом благодарение на гласовите на демократите, но во Сенатот ќе биде покомплицирано - демократите имаат тесно мнозинство таму и им треба поддршка од десет републиканци. ми/

Остани поврзан