ИДФ: Иран покажа дека претставува закана за целиот свет по нападот врз Катар
- -Сакам да кажам дека ова е уште еден доказ за непријателството и насилството и за фактот дека Иран е терористичка држава, која се заканува не само на Израел, туку и на целиот Блиски Исток, вклучувајќи ги неговите соседи и целиот свет, изјави портпаролот на војската Ефи Дефрин на телевизиска прес-конференција.
Тел Авив, 23 јуни 2025 (МИА) - Израелската војска вечерва соопшти дека одмаздничкиот напад на Иран врз американските воени бази докажал дека земјата е закана за „целиот свет“.
-Сакам да кажам дека ова е уште еден доказ за непријателството и насилството и за фактот дека Иран е терористичка држава, која се заканува не само на Израел, туку и на целиот Блиски Исток, вклучувајќи ги неговите соседи и целиот свет, изјави портпаролот на војската Ефи Дефрин на телевизиска прес-конференција.
Израел веќе десет дена го напаѓа Иран од воздух, откако на 13 јуни започна ненадејна операција.сд/
фото:Википедија