• петок, 05 декември 2025

Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран

Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран

Вашингтон, 23 јуни 2025 (МИА) - Министерството за одбрана на САД објави инсерти и фотографии од седум стратешки бомбардери Б-2А „Спирит“, што полетаа од воздухопловната база Вајтман во Мисури ноќта на 20 јуни, како дел од нападот врз нуклеарните објекти на Иран во операцијата „Полноќен чекан“.

Секој авион беше вооружен со две бомби GBU-57A/B MOP (Massive Ordnance Penetrator), таканаречени „Bunker Buster“ со тежина од 13.600 килограми, наменети за уништување на утврдени подземни цели.

Дополнителната документација потврдува дека бомбардерите се вратиле во воздухопловната база Вајтман на 22 јуни, по повеќе од 36 часа долг лет за време на кој извршиле напади над иранска територија. зш/

Остани поврзан