• петок, 22 ноември 2024

Дембеле му се извини на Енрике и се врати во групата на ПСЖ

Дембеле му се извини на Енрике и се врати во групата на ПСЖ

Париз, 2 октомври 2024 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, јавно му се извини на својот ментор Луис Енрике и беше вратен во групата на парижаните.

Дембеле остана надвор од стартната 11-ка и го пропушти гостувањето на ПСЖ кај Арсенал во Лигата на шампионите. На „Емирати“ без особени потешкотии беа победени од „топџиите“ со 2:0.

Неколку часа пред натпреварот во Англија, Луис Енрике донесе одлука да го исфрли Дембеле од тимот, откако двајцата влегоа во спор по натпреварот од француското првенство против Рен. Според различни извори, двајцата се скарале многу сериозно, што довело до одлука на стручњакот да отстрани една од своите најголеми ѕвезди од составот.

Сепак, по вчерашниот пораз од Арсенал, Дембеле му се извинил на менаџерот на ПСЖ, а Луис Енрике, пак, го врати во главната група. Се очекува напаѓачот да учествува на следниот натпревар на ПСЖ против Ница. дс

Фото: Архива

Остани поврзан