Дел од Тафталиџе утре без вода
- Дел од корисниците од улиците „Букурешка“ и „Париска“ во општина Карпош утре од 9:00 часот до 12:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Скопје, 21 март 2021 (МИА) - Дел од корисниците од улиците „Букурешка“ и „Париска“ во општина Карпош утре од 9:00 часот до 12:00 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на дефект на приклучна цевка со пречник од еден цол на улица „Букурешка 57“ во населбата Тафталиџе од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација “ - Скопје. вј/скс/