Дел од Студеничани без вода
- Без вода денеска од 8:20 часот се дел од жителите од скопското село Студеничани.
Скопје, 8 август 2025 (МИА) - Без вода денеска од 8:20 часот се дел од жителите од скопското село Студеничани, од улиците „1“ и „2“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка Ф-100 милиметри на улица „2“ без број во село Студеничани.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/
Фото: МИА архива