Дел од општина Карпош денеска без вода
- Без вода денеска од 9:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ и Германската амбасада во земјава.
Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Леринска“ и „Ловќенска“ и Германската амбасада во земјава.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради санирање уличен дефект на улицата „Леринска“ бр73.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/aa/
Фото: МИА архива