Дел од општина Гази Баба без вода
- Без вода денеска од 15:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Жан Жорес“ и „Благоја Стефковски“ и населбата Хиподром.
Скопје, 2 јануари 2026 (МИА) - Без вода денеска од 15:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Жан Жорес“ и „Благоја Стефковски“ и населбата Хиподром.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект ф-100 милиметри на улица „Жан Жорес“ број 59.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. мд/дма/
Фото: МИА архива