• четврток, 16 мај 2024

Дел од општина Гази Баба без вода

Дел од општина Гази Баба без вода

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Без вода денеска од 10 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Карл Хрон“, „Карл Либнехт“, „Анри Барбис“ и „Темелко Попов“ во општина Гази Баба. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна приклучна цевка на улица „Карл Хрон“ 66.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот. мд/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан