• сабота, 13 јули 2024

Делови од Центар утре без вода

Делови од Центар утре без вода
Скопје, 6 јули 2021 (МИА) - Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Филип 2 Македонски“, на потегот од „11 Октомври“ до „Холидеј Ин“, дел од „Мирче Мацан“, „Светозар Марковиќ“, дел од ГТЦ, Сојуз на синдикати, дел од Градска болница, ресторанот „Национал“ и сите објекти од овие улици. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради промена на шибер од Ф 80 мм на улицата „Филип 2 Македонски“ б.б. Прекинот во водоснабдувањето ќе биде се до до завршување на работите. мд/дма/

Остани поврзан