• четврток, 21 ноември 2024

Делегација на општина Дебар во Тирана во посета на Здружението на дебрани по потекло

Делегација на општина Дебар во Тирана во посета на Здружението на дебрани по потекло

Дебар, 1 април 2024 (МИА) - Делегација на општина Дебар, предводена од градоначалникот Хекуран Дука, престојуваше во Тирана, на покана на Здружението „Дебарска заедница“.

-На наше големо задоволство престојувавме во Тирана, меѓу многубројната заедница на нашинците. Тоа на покана на Здружението „Дебарска заедница“ предводено од професорот Бујар Капеџиу и Самир Шатку. Разменивме мислења околу досегашната соработка и изразивме  подготвеност за нејзино проширување во повеќе области, информираше градоначалникот Дука, преку објава на Фејсбук.

Оценува дека ова здружение игра важна улога во „зачувувањето на традицијата и дебарската култура во Тирана“.

Во албанскиот главен град живеат повеќе десетици илјади граѓани чие потекло е од Дебар и се успешно интегрирани во сите сфери.

- Благодариме и за укажаната почит да бидете заедно и на традиционалниот заеднички  ифтар. Посакавме за многу години да е светиот месец Рамазан, прифатен пост, среќа, добро здравје и напредок за сите дебрани каде и да се, но и за целиот свет, се наведува во објавата. вт/мд/

Фото: Дука Фб

Остани поврзан