Делегација на Национална управа за нуклеарна безбедност при Министерството за енергетика на САД на средба во ЦУК
- Цел на работната посета беше информирање за начинот на функционирање на Системот за управување со кризи (СУК), надлежнитe субјекти за радијациона и нуклеарна безбедност во РС Македонија како и продлабочување на меѓусебната соработка, соопшти ЦУК.
Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, одржа работна средба со делегација од Министерството за енергетика на САД (ДОЕ), Национална управа за нуклеарна безбедност, предводена од Тифани Бланшард - Кејс, заменик директор на ДОЕ и советник на министерот за глобална сигурност на материјали.
Цел на работната посета беше информирање за начинот на функционирање на Системот за управување со кризи (СУК), надлежнитe субјекти за радијациона и нуклеарна безбедност во РС Македонија како и продлабочување на меѓусебната соработка, соопшти ЦУК.са/
Фото: ЦУК