• понеделник, 25 ноември 2024

Дебата „Патот пред нас“: Коридорот 8 клучен инфраструктурен проект за Северна Македонија, Албанија и Бугарија

Дебата „Патот пред нас“: Коридорот 8 клучен инфраструктурен проект за Северна Македонија, Албанија и Бугарија

Скопје, 15 април 2024 (МИА) – Во организација на Здружението ЕСТИМА, Институтот за соработка и развој од Албанија, и Постојниот секретаријат на транспортната заедница, денеска во ЕУ-Инфо центарот се одржа панел-дискусија на тема „Патот пред нас: консолидирање на вклученоста на граѓанското општество во Економскиот и Инвестицискиот план за Западен Балкан“, на која присутен беше и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Евроамбасадорот Гир посочи дека економскиот и инвестицискиот план за железничкиот Коридор 8 беше донесен уште во 2020 година, како инструмент за стимулирање на економскиот раст и подобрување на животниот стандард. 

Истакна дека Планот за раст, како и економскиот и инвестицискиот план укажуваат на тоа дека основниот принцип на политиката на ЕУ за проширување останува и понатаму. 

Гир вели дека тоа во пракса значи промовирање на владеењето на правото, почитувањето на основните човекови права, борбата против корупцијата, организираниот криминал, како и од суштинско значење, правилното функционирање на демократските институции и јавната администрација.

– Планот за раст, како и економскиот и инвестицискиот план јасно покажуваат дека основниот принцип останува во срцето на политиката за проширување на ЕУ. Тоа значи промовирање на владеењето на правото, почитувањето на основните човекови права, борбата против корупцијата, организираниот криминал и од суштинско значење, правилното функционирање на демократските институции и јавната администрација, доколку пак, во сето ова граѓанското општество е природен партнер, рече Гир.

Директорот на Секретаријатот на транспортната заедница на ЈИЕ, Матеј Закоњшек, на панел дискусијата истакна дека железничкиот Коридор 8 е еден од клучните инфраструктурни проекти поддржани од Европската унија, не само во Северна Македонија и Албанија, туку и во Бугарија. 

Идејата е, вели Закоњшек, да се направи врска помеѓу Црното море и Медитеранот, што ќе им служи на граѓаните и бизнисите во земјава преку транспорт на повеќе од половина милион тони товар.

– Ова е еден од клучните инфраструктурни проекти поддржани од Европската Унија, не само овде во Северна Македонија, туку и во Албанија, а исто така, се разбира, и во Бугарија, но тоа е од различни механизми за финансирање. Но, идејата е во основа да се направи врска помеѓу Црното море и Медитеранот, да се направи врска што ќе донесе, откако ќе се заврши, повеќе од половина милион тони на товар на железницата во вашата земја. Значи, тоа е да се направи железницата модерна и навистина да им служи на граѓаните, како и на бизнисите, истакна Закоњшек.

Додаде дека од клучна важност на земјава е да го има модернизираниот Коридор 10, кој ја поврзува Северна со Јужна Европа, како и модернизираниот Коридор 8, што го поврзува Јадранското Море со Црното Море. ра/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан